×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжуваме со грижата и помошта на граѓаните, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро, рече Заев

    07.07.2020 12:12 | KumanovoNews

     Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во екот на изборната кампања, денеска беше во посета на Општина Куманово, каде ја презентираше изборна кампања „Уште повеќе, уште подобро“  и како што рече тој, СДСМ продолжува со грижата и помошта на граѓаните, за што сведочат и претходните три години од нивното посветено работење.

    Продолжуваме со грижата и помошта на граѓаните, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро, рече Заев

    Како што рече Заев, дванаесет илјади стечајни работници денес добиваат месечен надоместок од 8.000 денари, а 28 милиони денари се одвоени за над 324 илјади граѓани за домашна платежна картичка и ваучер за туризам. Во четвртиот пакет на мерки по 20.000 денари на платежна картичка ќе добијат и стечајните работници и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохрани родители, како и невеработените лица кои не се активни баратели на работа.

    „Три години бевме посветени на вистинска грижа, за сите граѓани, на градење на фер и праведна држава за сите. Со упорноста и посветеноста ги исправивме неправдите, што режимот на ВМРО-ДПМНЕ им ги подели на стотици илјади граѓани. Дванаесет илјади стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8 илјади денари, за да не бидат без прмања, за да имаат се` што може да им биде потребно за да го поминат месецот, да имаат помош и поддршка во животот од својата земја. Парите назад кај граѓаните. Последниот период го зголемуваме опфатот на лица кои ќе добијат домашна платежна картичка“, додаде Заев.

    Тој потенцираше дека тие и за три години направиле целосна реформа на системот за социјална заштита, ги намалиле извршителските и нотарските трошоци како и цените на катастарските услуги, односно спровеле мерки кои обезбедуваат фер и правичен пристап, кој покажува дека можат уште повеќе и уште подобро.

    „За три години направивме целосна реформа на системот на социјална заштита. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток и го проширивме опфатот на деца за овие мерки и во следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро. Обезбедуваме повисока социјална помош за 34 илјади домаќинска и детски додаток за над 65 илјади деца, продолжуваме со мерки и политики што носат шанси за сите и трајно извлекување на нашите граѓани од сиромаштијата. Наместо драконска и селективна казнена политика, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување, казните за физичките лица ги намаливме за 75 отсто. Донесовме закон за отпис на камати на долгови за физички лица, со тоа избришавме 10 милиони евра на граѓаните, пари коишто останаа дома,  во нивните буџети“, рече Заев.

    Тој додаде и дека граѓаните на 15 јули ќе гласаат за СДСМ, бидејќи нивната партија претставува концептот кој обезбедува повеќе пари во буџетот за граѓаните, за фер и праведно општество и правна држава која може уште повеќе и уште подобро.  

    (Ф.Марковска)