×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проекти од интерес на кумановскиот регион денеска на владина седница

    16.12.2019 09:36 | KumanovoNews

    Владата денеска ќе одржи редовна седница во Куманово на која приоритет ќе бидат информациите за проектите од непосреден интерес на граѓаните од општините во регионот. Претходно, министрите ќе имаат повеќе теренски активности во овој регион.

    Проекти од интерес на кумановскиот регион денеска на владина седница

    Во првиот дел на седницата владата ќе ја разгледа информацијата за состојбите и извршените посети во текот на денот во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

    За активностите на Владата во овие општини како и за приоритетите од заедничката соработка со локалните самоуправи на овие општини ќе бидат донесени одредени заклучоци од дискусијата со градоначалниците на овие општини.

    Потоа министрите во Владата ќе ја разгледаат и информацијата за изготвување „Регистар на програми“ во рамки на програмата „Фонд за млади умови“, што ќе ја презентира Фонд за иновации и технолошки развој.

    На оваа владина седница се очекува да биде разгледана и прифатена Предлог - одлуката за давање согласност за потврдување на Спогодбата за присоединување помеѓу Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП ПРОАКВА Струга (РЕ Колектор Струга).

    На предлог на Општина Крушево, Владата на седницата ќе го разгледа и ќе донесе одлука за барање за финансирање на проект „Изградба на дел од инфраструктура во центар за параглаjдинг во Крушево“.

    На предлог на заменик претседателот на Влада на РСМ задолжен за економски прашања на оваа седница ќе бидат разгледани информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и информацијата за текот на проектот дуално образование.

    На дневниот ред за оваа седница е и информацијата за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”.

    Агенцијата за млади и спорт за оваа седница ја подготви информацијата во врска со преземените активности за изработка на Акциски план за 2020 година за спроведување на Националната стратегија за млади (2016-2025).

    Редовната 171. седница на Владата на Северна Македонија во Куманово ќе се одржи во Домот на занаетчиите со почеток во 19 часот.