Мени

Проектот „Безбеден град“ во Куманово ќе профункционира до крајот на месецот

04.12.2025 15:35 | KumanovoNews

До крајот на декември ќе почне да функционира системот „Безбеден град“ и во Куманово.

 

Проектот „Безбеден град“ во Куманово ќе профункционира до крајот на месецот

„Активиран е електронскиот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци само во Скопје. До крајот на месецов планираме да се активира во Куманово и Тетово, а веќе од следната година на територија на цела држава, кажа Маја Арсовска-Манов, началник на Сектор за сообраќајни работи во МВР.

Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.

Според податоците на МВР, за два дена биле регистрирани над 160.000 прекршоци. Првиот ден 110.000, а вториот околу 50.000 илјади.