×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проевце ќе биде приоритет за следната година, ќе се реализираат проекти за развој на туризмот, најави Димитриевски

    22.11.2023 12:12 | Сузана Николиќ

    Кумановската населба Проевце ќе биде една од приоритетите на локалната самоуправа за изградба на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

    Проевце ќе биде приоритет за следната година, ќе се реализираат проекти за развој на туризмот, најави Димитриевски

    Градоначалникот Максим Димитриевски на една од последните седници, кажа дека планираат оваа населба да ја трансформираат во модерна урбана средина, автентично изградена, која ќе даде допринос за развој на туризмот во општината. 

    „Кумановска бања е најголем потенцијал на туризмот и се наоѓа токму на оваа локација. Проевце ќе биде една од приоритетите населби во развојната програма на општината за наредната година. Нарачан е проект за изградба на целосна инфраструктура во селото Проевце, не само на улиците, туку и тротоари, бидејќи таму ќе има пешачка зона. Тие што ќе го развиваат бањскиот туризам да имаат што да понудат покрај сместувачки капацитети. Ќе дадеме акцент во овој дел на градот да се релизира проект кој ќе овозможи комфор и комодитет на потенцијалните туристи на Кумановска бања и Куманово. До крајот на мандатот се надевам дека ќе успееме целосно да го реконстуираме или да изградиме нов градски парк на оваа локација. Таму постои огромна узурпација на јавна прометна површина, изградба на диви мостови преку реката, но се надевам дека сето тоа ќе го решиме“, кажа Димитриевски. 

    Тој призна дека не само ова, туку и многу други села целосно запоставени со децении и ја немаат потребната инфраструктура, но вели дека нема начин тоа да се промени преку ноќ. Потоа посочи дека жителите имаат вода и канализација, а оваа година бил решен проблемот со кракот од канализациската мрежа. Потсети дека пред 3 години бил изграден пат кој го поврзува селото со градот, преку Бејтови ниви до Туш.

    „Проевце е со децении е запоставено, иако редовно плаќаат давачки ништо не добиле од општината. Да не ги набројувам сите инфраструктурни проблеми кои сите ги знаеме. Пред избори се ветува и ништо не се остварува, овие граѓани заслужуваат да живеат во урбани услови, како и другите жители. Сметам дека општина Куманово треба да помогне во развојот на ова населно место, поради потенцијалот за туризмот којшто го има. Што се планира со инфраструктурата во Проевце, праша советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Младеновска, по што следеше одговорот на градоначалникот.

    (Фото. архива)