Прогласени најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово за 2019 година
Општина Куманово денеска ги прогласи најдобрите работници во безбедносно-спасувачките служби во градот.

За најдобар полициски службеник е прогласен Горан Величковски, вработен во Полициска станица од општа надлежност Куманово, а најдобар пожарникар е Розе Спасовски, пожарникар-возач на специјално возило во Територијалната противпожарна едниница Куманово.
Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска свечено им ги додели наградите - рачни часовници.
„Традиционално и оваа година Општина Куманово во пресрет на Новата година, на предлог на Полициската станица и Територијалната противпожарна единица ги прогласуваме најдобриот полицаец и пожарникар. Сакам да истакнам дека со двете институции имевме одлична соработа во тековната 2019 година.Особено сме задоволни во делот на регулирање на сообраќајот во градот од сообраќајната полиција и апелираме да продолжи така, а воедно сме горди на сето тоа што го направи нашата Противпожарна единица. Во оваа прилика на наградените сакам да им честитам и да им се заблагодарам за професионалноста, да ги охрабрам да продолжат така и да бидат пример за своите колеги “,- изјави Димитриевски.
Најдобриот полицаец Горан Величковски, работи во МВР од 1993 година.
Голема благодарност до раководните структури и СВР Куманово што ме предложија за полицаец на годината, како и до моите колеги со кои имам извонредна соработка. Оваа награда ми значи многу, бидејќи за неколку години ќе заминам во пензија, - изјави Величковски.
Најдобриот пожарникар Розе Спасовски веќе 30 години работи како возач-пожарникар во Територијалната противпожарна едниница Куманово и досега добил повеќе награди за својата храброст и посветеност на работното место.
„ Големо задоволство и чест е да се добие ова признание, но и мотив за уште попосветено да работам во наредниот период. Нашата работа е сериозна и опасна, со многу предизвици и мора да сме многу посветени и одговорни. Затоа голема благодарност и до моите колеги и командирот, бидејќи и тие се заслужни за оваа награда, - изјави Спасовски.