×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени победниците на конкурсот „Новогодишна желба“

    25.12.2019 19:02 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска се одржа завршната манифестација од литературниот конкурс „Новогодишна желба“ на која беа доделени награди за најуспешните ученици.

    Прогласени победниците на конкурсот „Новогодишна желба“

    Наградата за „најпесна“ ја освоиа Тамара Свилар од ОУ „11 Октомври“ и на Бруно Ивановски од ОУ „Крсте Мисирков“,  прво место им припадна на Ибраим Феризи од ОУ „Толи Зордумис“ и Јован Трајковски од ОУ „Христијан Карпош“. Второто место го делат Меланија Цветковска од ОУ „Браќа Миладиновци“ и на Мила Христовска ОУ „Кочо Рацин“, а трето место Аниса Шабани ОУ „Наим Фрашери“ и Марио Симоновски од ОУ „Магдалена Антова“, додека пак на останатите учесници ќе им бидат доделени благодарници за учеството.

    „Учествуваа ученици од основните училишта, имаме наградени ученици, но и ученици кои тука ќе цртаат ќе прават свои ракотворби и новогодишни лампиони, така што очекуваме дека ќе се дружат. Затоа и имаме кловн, жонглер, како и Дедо Мраз кој ќе ги анимира. Мислам дека ќе биде една интересна манифестација за дечињата во нашиот град. Тие тоа го заслужуваат, “- додава директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

    Во литературните творби на децата најмногу беа застапени желбите за мир, другарство и среќно семејство, а нивните професори велат дека децата секоја година покажуваат се` поголем интерес за вакви конкурси, но дека овој конкурс е посебен затоа што прераснува во манифестација во која децата можат и да се забавуваат, но и притоа да цртаат и прават новогодишни украси заеднички.

    „Јас прво слушав некои песнички на интернет и ми дојде некоја идеја како да ја напишам песничката со новогодишната желба, но со свои зборови. Јас сакам да се пријавувам на вакви конкурси, затоа што е убаво да си другаруваме меѓусебе и ова ми е прв пат да добијам прва награда и сум многу среќен,“- вели првонаградениот Јован Трајковски од петто одделение во основното училиште „Христијан Карпош“ во Куманово.

     Неговата наставничка Љубинка Велкова вели дека е особено горда на успехот на Јован Трајковиски, но и на останатите дечиња кои се имаат пријавено на кокурсот од нивното училиште и додава дека станува збор за дечиња кои навистина покажуваат афинитети кон пишување на литературни творби.

    Литературниот конкурс „Новогодишна желба“, беше распишан пред еден месец и е наменет за учениците од основните училишта.