×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Променливо облачно со повремен дожд во текот на неделата

    18.11.2019 07:34 | KumanovoNews

     Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно, понекаде во котлините со магле, а на истокот со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне.

    Променливо облачно со повремен дожд во текот на неделата

    Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

    И утре времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури слични на денешните од 13 до 19 степени.

    Во среда, не' очекува умерено облачно време со дожд, со максимална температура до 14 степени, додека пак поинтензивен дожд се очекува од 10 часот наутро до 13 часот попладне.

    Во четврток и петок утринските температури ќе паднат на 8 степени, додека пак максималната температура ќе биде 14 степени.

    Во четврток се очекува умерено облачно време, додека пак во петок се очекува умерено облачно време пропратено со дожд се' до попладневните часови.

    За време на викендот, во сабота се очекува претежно сончево време, додека пак во недела се очекува облачно време во текот на целиот ден.