×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на документарен филм за манастирот Матејче и џамијата во Табановце

    28.11.2023 12:09 | Сузана Николиќ

    Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на краткиот документарен филм за Манастирот Матејче и Коџа Мехмед Беј Џамијата од Табановце. 

    Промоција на документарен филм за манастирот Матејче и џамијата во Табановце

    „Проектот на ЛАГ Абер и Музеј Куманово, насловен како "Скриена убавина" има за цел да ги доближи овие  исклучителни средновековни споменици до обичниот човек, најмногу поради тоа што се тешко пристапни за добронамерните посетители. Во рамките на проектот е направена 3Д дигитализација, која овозможува целосен разглед на спомениците преку интернет, како и документарен филм кој има за цел да укаже, како на уникатноста на овие монументи, така и на фрапантната негрижа кон нив од страна на институционалниот систем на заштитата на културното наследство“, изјави Дејан Георгиевски, координатор на проектот.  

    Оргиналните вредности на Матејче и табановската џамија се нагласени од страна на проф. д-р Елизабета Димитрова од Институтот за Историја на уметност на Филозофскиот факултет, и Славица Крстиќ советник историчар на уметност од НУ Музеј Куманово.