×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ денеска ќе ги промовира кандидатите за градоначалник и советници во Куманово

    27.09.2021 07:03 | Сузана Николиќ

    Општинската организација на СДСМ и коалицијата, денеска попладне ќе ја започне кампањата за локалните избори со претставување на кандидатот за градоначалник и советничката листа пред граѓаните на Куманово.

    СДСМ денеска ќе ги промовира кандидатите за градоначалник и советници во Куманово

    Промоцијата ќе се одржи во 19 часот на паркингот кај Градскиот базен на која ќе биде претставена програмата „Најдоброто за нашата општина“ со која партијата ќе ја бара довербата од граѓаните.

    „На промоцијата ќе го претставиме концептот за едно општество, коешто ќе се развива во следните 4 години. Истовремено ќе ја презентираме и програмата на нашиот кандидат Оливер Илиевски, а ќе можете можност одблизу да ги запознаете 33-цата кандидати за советници, кои се докажани професионалци и домаќини луѓе во своите средини. На овие избори СДСМ заедно со коалицијата излегува со еден кандидат, тоа е Оливер Илиевски, излегуваме со една листа, а носител е Атина Мургашанска“, изјави претседателот на СДСМ Куманово Мартин Костовски. 

    Тој како шеф на изборниот штаб ги повика сите партии и учесници во изборниот процес на локалните избори да водат фер кампања и да покажат пред граѓаните и меѓународната заедница дека сме демократско општество.