Промоција на книгата „Куманово у срце, Куманово у душу - поносна кумановка“ од Олгица Димитријевска
Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва од 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Куманово у срце, Куманово у душу – поносна кумановка“ од нашата сограѓанка Олгица Димитриевска, дипл. инж. архитект во пензија.
Ова е прва книга на авторката, а станува збор за поема за Куманово напишана на кумановски јазик. Инспирацијата ѝ била љубовта кон родниот град, со сите негови убавини, како и кон кумановскиот дух и менталитет.
„Во книгата, овој град е опишан со сета дескрипција на она што е негова суштина, преку патриотизам, со израз полн милност, но и со благонаклоно кудење, но само со целисходна насоченост за да изрази едно милје, една култура, една специфичност, табиет и атрибут што го прави местото особено“, стои во рецензијата на книгата.
Промотори на книгата ќе биде актерот Мишо Димитриевски и актерката Кети Дончевска Илиќ.

