×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Могу ли и ја са вама да разбијем воз“ од Зоран Тимиќ Тима во Куманово

    05.06.2023 13:09 | Сузана Николиќ

    Во Занетчискиот дом во Куманово во четврток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Могу ли и ја са вама да разбијем воз“ од Зоран Тимиќ Тима, од Белград, Србија.

    Промоција на книгата „Могу ли и ја са вама да разбијем воз“ од Зоран Тимиќ Тима во Куманово

    Авторот е член на навивачката група на фудбалскиот клуб Црвена Звезда - трибина Север, кој во автобиографската книга „Могу ли и ја са вама да разбијем воз“ опишува се што доживеал за време на неговиот навивачки стаж, кој траел повеќе од четири децении.

    Тимиќ на повеќе од 500 страни ја собрал историјата на навивачката група Делии, каде што посебни поглавја опфаќаат делови на многу познати личности од јавниот живот на тогашната Југославија.

    „Посебно интересно поглавје е приказната за тоа како Жељко Ражнатовиќ Аркан преземал дел од навивачката група. Тоа беше по познатиот меч на Максимир кога беше прекинат натпреварот Динамо - Црвена звезда на 13 мај 1990 година. Управата ги затегна односите со навивачите поради скандирањата против Слободан Милошевиќ, а кога навивачите одговорија со некаков бојкот, се појави Аркан“. Тимиќ е роден 1964 година, татко на две деца, зборува 5 странски јазика. Ова е прв настан ова лето организиран во нашиот град во состав на проектот „Деца смо овог града, сви те Звездо волимо“, организирана од навивачите на Црвена Звезда, се со цел пребогатата историја на навивачите и на фудбалскиот клуб поблиску да биде пренесена од посетителите на тие настани“,  изјави Емил Ташевски еден од организаторите на проектот.