×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книги од Сашо Кокаланов и Пламен Тотев во Куманово

    10.01.2024 10:17 | KumanovoNews

     Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгите „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од Пламен Тотев.

    Промоција на книги од Сашо Кокаланов и Пламен Тотев во Куманово

    „Книгата на Кокаланов е фикција, негов петти роман, додека книгата на Тотев дава историски преглед врз развојот на античката и европската литература. Со овој настан ги започнуваме активностите на центарот во новата година“, велат од Центарот за култура.

    Сашо Кокаланов е македонски новинар, романописец и драмски автор. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“ , а е и еден од авторите на сценаријата за македонските телевизиски серии „На терапија“, „Преспав“ и „Инсајдер“.

    Пламен Тотев е бугарски книжевен истражувач, критичар и издавач, добитник на македонските литературни награди „Рациново признание“ и „Македонски книжевен дедал“ како и на бугарски награди за литературна критика. Има преведено голем дел од македонски книги на бугарски јазик, по што е познат во издавачките куќи.

    Промотори на книгите ќе бидат Петар Андоновски, Стојан Синадинов и Сашко Насев.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани.

    Теодора Стоевска