Промоција на збирката „Куманово низ мозаик од зборови“ во Занаетчискиот дом
15.11.2022 12:37
| KumanovoNews
Во салата на Занаетчискиот дом вечерва во 19 часот ќе биде промовирана збирката „Куманово низ мозаик од зборови“, во издание на Библиотеката „Тане Георгиевски“ Куманово.

Збирката е дело на кумановски творци кои стиховите ги напишале на типичен локален, кумановски дијалект проткаен со карактеристичен хумористичен и досетлив стил.
„Дојдите да зборимо за љубав, стихови и музику“, ве покануваат од библиотеката и најавуваат една поинаква промоција.
Промотори на збирката се Никица Јанковски и Цветанка Вељковска. Влезот е слободен за сите заинтересирани.