×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран проектот „Кумановци за Куманово“ со изворни кумановски песни

    25.12.2019 10:47 | KumanovoNews

    Музичкиот проект „Кумановци за Куманово“, кој содржи 10 изворни кумановски песни, препеани од кумановски музичари, синоќа беше промовиран во Занаетчискиот дом во Куманово.


    Промовиран проектот „Кумановци за Куманово“ со изворни кумановски песни

    Песните во нов аранжман се подарок на Куманово, по повод 500 години постоење.

    „Сакавме да му подариме на градот едно ЦД со обработки на 10 наши кумановски песни, аранжирани во ново руво од нашите музичари. Овој проект е на Слаѓан Станишковски, кој беше прифатен од сите наши музичари, професионални уметници и ученици, кои се нафатија да работат на проектот, кој ќе остане за нашиот град. Се надевма дека на публиката ќе им се допадне изборот на песните кои го направивме со многу љубов и од срце“, - изјави Ирена Трајковска, од асоцијацијата Мулти Арт.

    Кумановци имаа прилика премиерно да ги слушнат песните „Јовка кумановка“, во изведба на Маргица Антевска, „Тужинче девојче“ ја отпејаа Ивона Јовановиќ и Марио Ангеловски, „Цена служи на трпезу“- Сандра Милковска, „Нане ле, дете ле“ - квартет Бојан Трајчев, Силјан Пановски, Атанас Петров, Марко Митковски, „Умреја батко Ѓорѓија“- инструментал, „Стани попадијо“- Душица Јакимовска и Никола Павловски - Коки, „Јано,Јанке, кумановке“- Мартинијан Кириловски, „Блазе тебе Фидан вело“- Нино Величковски и „Петра стои на порта“ во изведба на мешаниот хор.

    Проектот се реализираше со финансиска поддршка на Општина Куманово, преку Фондацијата за култура и спорт.

    „Гледајќи го репертоарот ќе слушнеме нешто изворно, наше кумановско, што не издвојува и не чини посебни од останатите во државата. Треба да бидеме годри на тоа, бидејќи нашите предци оставиле трајни дела на коишто треба да се гордееме денеска“, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски, на отварањето на манифестацијата.

    На проектот работеле околу 40 музичари, пејачи, аранжери, оркестар и музичката продукција на Анѓел Ќосев.

    Аранжманите ги направија: Слаѓан Станишковски, Боби Серафимовски, Оливер Алексовски, Магдалена Божиновска-Стојанова и Стојадин Ивановска- Дине.

    Цедето ќе биде готово на почетокот на наредната година.