Мени

Пронајден e кумановецот кој исчезна пред 10 дена

04.01.2023 19:29 | KumanovoNews

Триесет и петгодишниот С.С. по кого трагаше полицијата и семејството пронајден е жив во кумановското село Орашац.

Пронајден e кумановецот кој исчезна пред 10 дена

„Во село Орашац, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле С.С.(35) за кого на 25. декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Тој бил во добра здравствена состојба“, соопшти СВР Куманово.