Пронајден хероин кај кумановец
22.08.2017 09:49
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пушатање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Пријавениот, од непознато лице неовластено набавил и држел 10,58 грама наркотична дрога хероин.
На 16.08.2017 година околу 20.45 часот, на паркинг на бул. „Октомвриска Револуција“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, ја пронашле дрогата и ја одзеле.