Пронајден пиштол кај жител на Опае
18.02.2022 18:56
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода В.И.(34) од село Опае, општина Липково, затоа што кај него бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62 мм со една празна рамка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.