Пронајден починат работник на патот Ранковце – Крива Паланка
23.11.2021 10:47
| Сузана Николиќ
Во ОВР Крива Паланка вчера во 8 часот било пријавено дека во барака на градежна фирма на патот Ранковце – Крива Паланка бил пронајден починат работникот М.Б.(56) од село Орашац, кумановско.

Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.