Пронајдена девојката што беше пријавена за исчезната
18.01.2023 12:59
| KumanovoNews
Полицијата ја пронајде жива и здрава 19-годишната девојка од Куманово, која пред три дена беше пријавена за исчезната од дома.

„На 16.01.2023 по извршено пребарување и оперативни проверки на терен од страна на полициски службеници од СВР Куманово, пронајдена е во добра здравствена состојба А.И.(19) од Куманово, за која на 15.01.2023 нејзиниот татко Б.И.(46) пријави дека се одалечила од домот“, соопшти полицијата.