Пронајдена неексплодирана граната во Умин Дол
03.11.2022 14:20
| Жаклина Цветковска
Во нива во селото Умин Дол, кумановско, била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна.

Како што информира СВР КУманово, на 02 ноември било пријавено дека С.М. од Куманово, во нива, во село Умин Дол, пронашол неекслодирана минофрлачка граната од Втората светска војна, со калибар 75мм.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.