Мени

Пронајдена неексплодирана минофрлачка граната во „Ајдучка чешма“

01.11.2021 12:20 | Сузана Николиќ

А.М. од Куманово пријавил во полицијата дека во населбата „Ајдучка чешма“, вчера пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82мм.

Пронајдена неексплодирана минофрлачка граната во „Ајдучка чешма“

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.