Пронајдена почината девојка во Куманово
06.07.2017 13:15
| KumanovoNews
На 05.07.2017 година во 13,20 часот во Куманово на ул.„Браќа Филиповиќ“ во куќата на Ф.И. (28), била пронајдена почината неговата девојка М.К. (27) од Куманово.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.