Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација во Драгоманце
16.02.2022 14:24
| Сузана Николиќ
Поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација, биле пронајдени во автомобил на крстосницата за с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане.

Полициски службеници вчера извршиле контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки, кои го управувал Д.С.(34) од с. Алгуња, општина Старо Нагоричане.
За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство - Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна.
Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени.