Пронајдено е безживотното тело на момчето од Куманово кое со автомобил падна во Вардар
02.10.2022 13:43
| KumanovoNews
Во реката Вардар е најдено телото на Ердон Рамадани (22) од Куманово, кој на 27 септември со автомобилот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во Вардар.

„Во 10:40 часот пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител“, информира МВР.
По телото на Рамадани се трагаше пет денови, а во потрагата беа вклучени специјални единици на МВР, ДЗС и пожарникарите од Тетово.