Пронајдено лицето кое беше пријавено за исчезнато
04.02.2020 09:25
| KumanovoNews
Т.Т.(38), кој пред неколку дена беше пријавен во полицијата за исчезнат, пронајден е.

Семејството денеска информираше дека тој се вратил дома.
Им кажал дека минатата недела заминал на службено патување, каде му се расипал мобилниот телефон и не можел да се јави на мајка му, која го пријавила случајот во полиција и побараа медуимите да помогнат во негово пронаоѓање.