Проработеа семафорите на „Октомвриска“, кај зеленото пазарче
18.09.2022 22:21
| KumanovoNews
Поправени се и пуштени во работа семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“, кај малиот зелен пазар.

Граѓаните две седмици бурно реагираа поради тоа што не работат семафорите на една од најпрометните раскрсници во градот.
Се алармираше и во институциите, медиумите и на социјалните мрежи. Надлежните не излегоа со одговор каде е проблемот и зошто требаше толку долго да се санира.
Нефункцинонирањето на семфорите предизвика страв и несигурност за сите учесници во сообраќајот . Се случија и неколко сообраќајни незгоди, но за среќа само со мала материјална штета.
О. Пешевска