×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проширување на Домот за стари лица и поддршка за пензионерите, најави кандидатот за советник Миле Андоновски

    14.10.2025 12:13 | KumanovoNews

    Миле Андоновски, кандидат за советник во Советот на Општина Куманово, од листата на коалицијата на СДСМ, денеска на прес конференција најави проект за изградба на нови капацитети на Дом за стари лица „Зафир Сајто“.

    Проширување на Домот за стари лица и поддршка за пензионерите, најави кандидатот за советник Миле Андоновски

    Проектот се состои од две фази: дислокација на ЈП „Чистота и зеленило“ во просториите на поранешната касарна и изградба на нови капацитети за Дом за стари лица „Зафир Сајто“.

    „Во првата фаза се предвидува адаптација и модернизација на поранешните касарни објекти за сместување на јавното претпријатие. Ова ќе овозможи оптимизација на работниот простор, подобрување на логистички процеси и ослободување на сегашните локации за други јавни намени. Во втората фаза се планира изградба на современ Дом за стари лица со капацитети што ќе овозможат квалитетна грижа и сместување на постарите граѓани. Новиот дом ќе биде опремен со сите потребни здравствени и социјални услуги, вклучувајќи дневен престој, медицинска нега и рекреативни активности. Проектот има цел рационално користење на просторот, подобрување на јавните услуги и создавање подобри услови за работниците и корисниците“, кажа Андоновски.

    Проектот треба да се реализира од 36 до 48 месеци, а буџет од 90 до 120 милиони денари.

    Една од мерки во програмата на коалицијата е и пензионерската картичка- поддршка за достоинствен живот на пензионерите, која ќе се овозможи преку партнерство меѓу локалната самоуправа и здруженијата на граѓаните од третото доба, со договори со локалните продавници, стоматолози, аптеки, транспортни компании, осигурителни друштва, кино, театар - пензионерите ќе имаат можност за постојани попусти и погодности преку пензионерската картичка.

    „Како позначајна мерка за издвојување е и финаниска поддршка за пензионери приматели на минимална пензија. Целта е да се подобри квалитетот на животот на најранливата категорија на пензионери преку додлеување на еднократен паричен надомест во износ од 1500 денари“, кажа Андоновски.