Прослава на Денот на АРМ во „Боро Менков“
17.08.2017 12:07
| KumanovoNews
Во касарната „Боро Менков“ Куманово утре со почеток во 10.00 часот, единиците од гарнизон Куманово со воена свеченост ќе го одбележат 18. Август- Денот на АРМ.

По повод 25 години од формирањето на АРМ во рамките на прославата ќе се обрати бригадниот генерал Зоран Милески, а ќе бидат врачени одликувања, награди и пофалби на унапредените старешини.
По завршување на официјалниот дел ќе следи изложба на вооружување и опрема со кои располага единицата.