Прскање против крлежи во Куманово
15.08.2017 06:26
| KumanovoNews
Во наредните два дена (среда и четврток 16 и 17.08.2017) во парковите и зелените прометни површини во градот ќе се спроведе прскање против крлежи.

„Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат крлежите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман, - соопштуваат од Општина Куманово.
Доколку не дозволат временските услови, прскањето се помести за наредниот ден.