Прскање против возраснa форма на комарци
06.09.2023 11:50
| KumanovoNews
Општина Куманово ќе врши редовна дезинсекција на возрасни форми на комарци.

„Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека утре вечер /четврток/ од полноќ 00.00 часот, ќе се изврши адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци. Неопходно е пчеларите да преземат конкретни мерки за заштита на пчелите“, соопшти Општината.
Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.