×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Првата пациентка со коронавирус заминува на домашно лекување, се тестираат три лица од Дебар

    16.03.2020 09:38 | KumanovoNews

    Првата пациентка со коронавирус во Македонија, денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.

    Првата пациентка со коронавирус заминува на домашно лекување, се тестираат три лица од Дебар

    Како што рече министерот за здравство Венко Филипче, нејзината состојба е стабилна, таа двапати била тестирана за коронавирус, но нејзините резултати биле негативни.

    - Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во Дебарската болница се во добра здравствена состојба, - соопшти министерот.

    Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.

    Во Македонија има вкупно 18 заразени лица, од кои 16 се од Дебар, а 2 од Скопје.