Првиот ден на католички Божиќ неработен
22.12.2014 14:48
| KumanovoNews
Првиот ден на Божиќ, четврток, (25 декември) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.