Прво авинско прскање оваа година против комарци во Куманово
17.06.2020 08:55
| KumanovoNews
На подрачјето на Општина Куманово, во сабота раните утрински часови ќе се изврши прво авионско прскање против комарци за оваа година.

Од Општината апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.