×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прво го нападнал со секира, потоа му ја запалил шталата

    04.08.2017 14:49 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А. (77) од кумановското село Кшање, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид” и “предизвикување општа опасност”.

    Прво го нападнал со секира, потоа му ја запалил шталата

    Пред петнаесетина дена пријавениот со секира го нападнал С.Н.(63) од с.Кшање и  со сечивото од секирата го удрил во раката, нанесувајќи му телесна повреда.

    По кратко време, С.Н. излегол од својот дом за да го собере добитокот, а пријавениот повторно го нападнал со секира, но го удрил во вилата која  ја носел со себе.

    Исто така, пред два дена околу 01,00 часот, пријавениот дошол до помошните простории на С.Н. и ги запалил сламата и сеното од кровната конструкција, по што пожарот се проширил и во останатите простории, кои целосно изгореле, како и 60 кокошки, 14 грла добиток. С.Н. при гаснење на пожарот се здобил со изгореници по лицето  и рацете.