Пукал од пиштол по расправија со соселанец
18.06.2020 10:48
| KumanovoNews
Жител на липковско село употребил огнено оружје откако се скарал со друго лице.

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Н.М.(47) од с.Слупчане, Општина Липково, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела предизвикување општа опасност казниво по член 288 став 1 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
На 18.05.2020 околу 19,30 часот во с.Слупчане, Општина Липково пријавениот, по претходна расправија со С.И. од огнено оружје испукал еден куршум.