Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пукната азбесна цевка ја поплави улицата „Никола Тесла“. Жителите кажуваат дека цевката пукнала утринава околу 5.30 часот, а од тротоарот излегувал гејзер од вода.
Додека да ја запрат водата таа ја поплавила улицата и се разлеала до населбата Средорек.
„За последните две недели ова е пето или шесто пукање на цевката. Речиси секој втор ден има голем дефет и по 5-6 часа немаме вода. Целата улица и тротоарот се ископани, дупка до дупка, нема каде да се движиме. Доплнително имаме сериозни проблеми со водоснабдувањето“, кажува жител на „Никола Тесла“.
Од ЈП „Водовод“ постојано повторуваат дека цевководот на „Никола Тесла“ е стар повеќе од 50 години и неоходна е негова целосна замена за да се подобри водоснабдувањето во овој дел на градот.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk