Пукнала цевка пред хотел „Куманово„
09.12.2011 14:32
| KumanovoNews
Голем дефект на главната водоводна мрежа денеска го остави без вода за пиење централното градско подрачје.
Според службите на ЈП „Водовод„ се работи за пукната цевка пред хотелот „Куманово„. Нивни екипи во текот на денот работеа на пронаоѓање и отстранување на дефектот. Цевката е заменета и водоснабдувањето ќе се нормализира.