×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштено во употреба детското катче во населбата Бавчи

    19.06.2020 11:14 | KumanovoNews

    Пуштено во употреба детското катче во населбата Бавчи, спроти поранешен Туш маркет, кое претходно беше место на дива депонија.

    Пуштено во употреба детското катче во населбата Бавчи

    Во рамките на овој проект, насловен како „Чиста околина - здрава животна средина“ е изграден детски парк -игралиште со површина од 100 м2, на кое има урбана опрема и тоа: клацкалки, лулашки и лизгалки со куќички. За изградба на паркот се одвоени 307.660,00 денари.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, потенцираше дека ова е само еден доказ дека со мали средства може да се направи многу, односно дива депонија да стане мини детски парк.

    „Ова катче кое своевремено беше една од најголемите диви депонии во градот, се преуреди, да можат младите да го поминуваат своето време. Одвоени се некаде околу 5 илјади евра за оваа катче да го добие овој лик и дополнително многу труд, работа, ангажман и општествена одговорност, којашто не се плаќа со пари. Но, самиот момент со учество на граѓаните, да го исчистат тоа што со години беше тука фрлано, укажува на фактот дека ќе се води поголема грижа во делот на депонирање на отпадот. Сакам да апелирам до сите граѓани да се однесуваат одговорно, да не исфрлаат отпад на дивите депонии, за тоа постои организиран начин на исфрлање на смет преку нашето јавно претпријатие и локација на градската депонија“ рече на отворањето градоначалникот Димитриевски.

    Лилјана Симонова, координатор на проектот, посочи дека целта на овој проект е покренување на свеста за зачувување на животната средина во ромските населби, како и креирање на мини парк и детско игралиште на кое помалите деца ќе можат да си играат.

    „Проектот беше од областа на животна средина и е од особена важност за ромските насеби Средорек, Бавчи и Бараки. Исто така, беше анкетирано и голем број на ромско насление, за да знаеме како да го решиме проблемот со дивите депонии кои се во близина на нивните куќи. Еко патролата беше на терен шест месеци, преку која дојдовме до клучни одговори како настанува големата количина на смет која се претвора во депонии. Верувам дека на сите ни е задоволство за новонастанатиот парк, бидејќи создадовме простор за рекреација на ппомладите, но и уреден простор, пријатен за око на минувачите “, додаде таа.

    Изградбата на детскиот парк е последната активност на проектот „Чиста околина - здрава животна средина“ на Центарот за ромска заедница ДРОМ - Куманово, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), со учество на Општина Куманово, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

    (Ф.Марковска)