Работилница „Наследството на Св. Кирил и Методиј“ во Куманово
23.05.2023 11:32
| KumanovoNews
Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи работилница „Наследството на Св. Кирил и Методиј“ во организација на Фондацијата за култура и спорт на Куманово.

„Поканети се сите средни општински училишта од Куманово, а вечерта е замислина како интерактивна работилница со литературно читање, игри за децата и малку песна“, изјави Марио Арангеловски, в.д. директор на Фондацијата.
Настанот ќе биде реализиран во соработка со средните општински училишта и во тој контекст секое училиште ќе се претстави со свој креативен настап.
Со оваа активност се одбележува Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.