Работник паднал и тешко се повредил додека извршувал работни задачи
11.10.2020 19:38
| KumanovoNews
Во СВР Куманово вчера во 16 часот било пријавено дека С.С.(57) од Куманово, паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Индустриска“ во Куманово.

Тој бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.