Мени

Раководството на СДСМ поднесе оставка

03.12.2025 10:37 | KumanovoNews

На вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот на партијата Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки.

Раководството на СДСМ поднесе оставка

„Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ. Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.

Следува период на кадровско освежување и зајакнување,  вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.

На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата, а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности. СДСМ, нова сила – нова енергија“, соопшти партијата.