Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани
10.07.2015 17:26
| KumanovoNews
Првиот ден на Рамазан Бајрам, петок 17 јули, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните со исламска вероисповед им го честитаат Рамазан Бајрам.
До крајот на годината остануваат уште пет неработни денови за државни празници.