Мени

Расчистени 6 кражби во Куманово, приведени 4 лица

08.04.2022 13:36 | Жаклина Цветковска

На подрачјето на СВР Куманово изминатава недела биле расчистени шест кражби, кои биле извршени во деловни објекти.

Расчистени 6 кражби во Куманово, приведени 4 лица

Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле четири лица, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата и против нив се поднесени соодветни поднесоци.