Разбојници затекнати во куќа во Долно Којнаре
22.09.2022 15:43
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23.10 часот ги лишиле од слобода И.В.(41) и М.Д.(34), двајцата од Куманово.

„Тие биле затекнати при извршување „разбојничка кражба“ во домот на И.П.(62) во с.Долно Којнаре, кумановско. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата биле приведени и задржани во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.