Мени

Разбојник одзел 3.500 денари од продавница

29.01.2010 10:19 | KumanovoNews

 Р.М.(36) од Куманово пред три дена ја ограбил продавницата „ДИВ„. Разбојникот влегол во дуќанот околу 19 часот и со нож се заканил дека ќе убие вработената доколку не му ги даде парите што ги има во касата.

Разбојник одзел 3.500 денари од продавница

  Исплашена за сопствениот живот Д.А.(32) го собрала дневниот пазар во износ од  3.500 денари и му го предала.

  Кумановската полиција поднесе кривична пријава Р.М.(36) од Куманово за сторено кривично дело „разбојништво“.