Разликата помеѓу двата теста на Димитриевски била 18 дена, доволно да биде негативен, кажа Филипче
Разликата помеѓу двата теста на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, била 18 дена, а со третиот тест уште дополнителни 10 дена, што е сосема доволен период да еден пациент се негативизира, изјави министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција на прашањето како можел градоначалникот да добие негативен тест во приватна клиника ако предходно бил позитивен на коронавирус и дали постои сомнеж во квалитетот на тестовите кои се користат во центрите за јавно здравје.

- Тестовите коишто се користат во Институтот за јавно здравје и се одобрени од Светската здравствена организација (СЗО). Има само претпоставки после колку време од тестирањето за оној кој што добил позитивен резултат може пациентот да се негативизира, имајќи во предвид што не се знае колку време предходно бил носител на вирусот. Во конкретниот случај знаеме дека разликата помеѓу двата теста била некаде 17-18 дена, а со третиот тест уште дополнителни 10 дена, што е сосем доволен период да еден пациент се негативизира, - изјави Филипче.
Тој додадае дека мерките се даваат и се имплементираат за да се почитуваат и тоа е суштината, заради тоа што секоја мерка има медицинска издржаност затоа тоа треба да биде така.
„14 дена трае инкубациониот период, еве и ние сме негативни и јас лично немам ни решение за изолација а седам 14 дена заради тоа што во тој период некој може да покаже дека е позитивен на вирусот, бидејќи толку трае инкубацијата. Во таа смисла апсолутно секој треба да се придржуваме до мерките, - препорача Филипче.
Министерот рече и дека е завршен вонредниот инспекциски надзор за утврдување дали има прекршување на протоколите околу средбата на владините претставници и локалните власти во Куманово, и предаден е на МВР, поради тоа што се констатирани се одредени недостатоци.