Регионална ревија на песни, музика и игри
28.05.2015 09:32
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 11 часот, ќе се одржи 13 - та регионална ревија на песни, музика и игри за пензионери.

Покрај домаќините, на ревијата ќе настапат и пензионери од Кратово, Крива Паланка, скопските населби Центар, Чаир и од “Солидарност“ од Аеродром. Кумановските пензионери ќе го презентираат фолклорот од кумановскиот крај. Манифестацијата е со ревијален карактер, а програмата ќе трае два часа. Куманово по трет пат е домаќин на една ваква ревија.
Влезот е слободен за сите посетители.