Регистрирани 156 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, 9 во Куманово, 2 во Липково
Девет нови случаи во Куманово и два во Липково, се откриени се во изминатото деноноќие.

Во последните 24 часа направени се 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на КОВИД-19 во земјата. По градови : Скопје 100, Куманово 11, Дебар 1, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 19, Струга 2, Велес 6, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Кочани 3, Кратово 1 и Свети Николе 1.
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово, на возраст од 66, 70, 71, двајца по 74 и еден 76 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.