×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворањето на Денови на комедија ја пролонгираше реконструкцијата на малиот плоштад

    27.09.2023 13:15 | Сузана Николиќ

    За време на викендот дел од малиот плоштад беше поставена заштитна мрежа, која вчера беше отстранета. Тоа предизвика низа прашања кај граѓаните, зошто се пролонгира почетокот на работите со огледа на тоа што на плоштадот беше донесена и механизација, што укажуваше дека ќе се започне со најавената реконструкција. 

    Отворањето на Денови на комедија ја пролонгираше реконструкцијата на малиот плоштад

    „Поставената ограда на малиот плоштад беше дел од подготвителните активности пред отпочнување на реконструкција на плоштадот,  кои сега се завршени. Реконструкцијата се поместува согласно отворањето на Денови на комедија во градот и непречена циркулација на граѓаните на овој простор на денот на отворањето“, се вели во одговорот на општинските служби на прашањата на Кумановоњуз.

    Деновите на комедија се отвораат вечерва во Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Со проектот е предвидено да се смени подлогата, урбаната опрема, канделабри, клупи, жардињери и осветлувањето.

    Со реконструкцијата, двата плоштади во Куманово, централниот и пред Центарот за култура ќе се спојат со пешачка патека и ќе претставуваат една целина која дополнително ќе го оплемени централното подрачје.

    Проектот e предвиден да се реализира во три фази, а ќе започне со реконструкција на малиот плоштад, втората фаза ќе се одвива во делот на т.н. Скопски дуќани и спојување со ул. Ленинова, и последната трета се однесува на ул. Илинденска.