Мени

Републички противпожарен квиз натпревар

09.12.2010 10:23 | KumanovoNews

  Утре во Куманово ќе се одржи 26-от Републички противпожарен квиз натпревар.

Републички противпожарен квиз натпревар

Натпреварувањето го организира Противпожарниот сојуз на Македонија, а ќе учествуваат екипите победнички од регионалните противпожарни квиз и тоа во категоријата кадети и јуниори.

Исто така ќе се одржи и натпреварување во видео играта WILDFIRE, од областа на заштита од пожари. Натпреварувањето е закажано во 11.30 часот во Младинскиот културен центар.